Бранислава Пашајлија преку ноќ стана дел од домашниот џет сет и со самото тоа животот и се смени од корен.
Со оглед на тоа дека сите очи се вперени во неа поради емотивната врска со Аца Лукас, многумина ја споредуваат со поранешната сопруга Соња Вуксановиќ, па така корисниците на социјалните мрежи се препираат околу тоа која од нив две изгледа подобро, а често изборот на облека е главна тема на припадничките на поубавиот пол во правењето на овие паралели.
Иако многу луѓе ја прозиваа Бранислава дека со Лукас е поради парите, нејзината последна фотографија на Инстаграм ги демантираше.
Иако Бранислава изгледа како милион долари на оваа фотографија, вистината е дека избраничката на Лукас не се расфрла со скапи работи, ниту пак момчето и купува облека од познатите брендови Шанел, Диор или Прада, какви што носеше Соња.
Така ташната која ја носи чини 100 евра, додека чевлите 170 евра. Со овој гест Пашајлија покажа дека Вуксановиќ не троши на неа илјадници евра, но и дека за врвен изглед не се пресудни парите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дарко заслужува да го помине овој тест, судбината е чудо: Зборовите на Аца Лукас ќе ве трогнат!
-
Кога Лукас ќе те шутне за 23 дена, дали ти паѓа цената – Бранислава ја испрозваа поради Аца!
-
Навредуваше и сега му се заканува затвор: Лукас се најде во незавидна ситуација!
-
Не ја разбира конфузијата која се случи – Лукас проговори за поранешната жена!