Српскиот претседател Александар Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање дали се согласува со изјавата на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, дека признавањето на Македонија под ова име било грешка, изјави дека Србија во иднина ќе се раководи од своите интереси и пријателски ќе им помага на сите кои застанале на нејзина страна и кои помогнале во зачувување на принципите на меѓународното право, пренесува РТС.
– Во таа смисла грчките пријатели можат да сметаат на нашата поддршка, изјави Вучиќ.
Тој посочи дека Грција не ја признала независноста на Косово и дека секогаш била со Србија кога и било тешко.
На прашањето дали има план таа изјава да се исправи, Вучиќ, по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Солун рече дека не сака пред странците да зборува кои се причините за тоа ниту а ги критикува неговите претходници.
-Да сакав да го критикувам или демантирам Дачиќ тоа сега би го направил. Мислам дека тоа не го сторив, додаде тој.
Вучиќ рече дека сео грчкио премиер разговарал за сите прашања во регионот и посакал Владата во Атина со Владата во Скопје да направат најдобар можен договор за сите да бидат задоволни. Тоа според него би било добро за регионот.
Средбата на Вучиќ и Ципрас е на маргините на денешниот трилатерален самит во Солун, на премиерите на Грција, Србија и Бугарија, на кој ќе се разговара за безбедносни прашања, економската соработка, а како што објави грчки Катимерини же стане збор и за грчко – македонскиот спор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.