Седницата на Општина Центар е прекината откако попладнето околу 14.20 часот ескалираше тензичната атмосфера и демонстрантите почнаа да ги кршат прозорците во бараката. Во налетот на револтираните граѓани се искршени речиси сите прозорски стакла од салата во која се одржуваат седниците на општинскиот совет.
Седницата, која почна околу 14 часот, траеше само неколку минути откако претседателот на Советот даде пауза од десет минути. Сепак, седницата воопшто не продолжи поради новонастанатата ситуација. Дел од советниците ја напуштија бараката, а дел од нив останаа внатре.
Претседателот на Советот најави дека седницата ќе продолжи кога ќе се создадат услови за тоа.
Претходно беа искршени и стаклата од влезната врата при обид на граѓаните да влезат и да присуствуваат на седницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.