| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен фудбалер на Парма призна двојно убиство: Со нож им пресудил на својата мајка и сестра (Фото)

 

Младиот фудбалер Соломон Њантаки (21) со потекло од Гана, го признал двојното усбиство на неговата 43-годишна мајка и неговата сестра која имала само 11 години. Страшниот чин се случил во вторникот, во семејната куќа на Њантаки во Милано, а Соломон бил уапсен вечерта, неколку часа по убиството.

Телата на своите најблиски како лежат во локви крв ги пронашол Рејмонд, постариот брат на Соломон, по што веднаш повикал полиција.

Младиот Соломон, некогаш важел за голем талент во редовите на Парма, но по банкротот на клубот, тој се преселил во пониските италијански лиги каде настапувал дева години. Тренерите кои работеле со него изјавиле дека на неколку наврати забележале дека момчето страда од депресија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top