Следниот ден по Петровден 13 јули/ 30 јуни е празникот Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден.
На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.
Павловден, жените го држат празник повеќе од Петровден.
Во некои места на овој ден не се работи за пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и слично Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Парите се тука да се бројат: Пајак му го однел автомобилот, а кога дошол да ја плати казнат, сите биле шокирани!
-
Црн петок, ама буквално: Дошле на шопинг во Сити мол, останале без возила!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Релативно мирна ноќ во Скопје, пајакот подигнал 72 возила