| четврток, 6 декември 2018 |

Езџан Алиоски на пат за Англија

Езџан Алиоски македонскиот репрезентативец се очекува денеска да го официјализира договорот со тимот од Островот, Лидс јунајтед, доаѓа потврда од Алиоски со објавувањето на фотографија од лет за Англија. Но, претходно,треба да ги помине лекарските прегледи и да го потврди неговото одлично здравје.

Голема благодарност играчот има за менаџерот на Лидс, Томас Кристиансен, кој непрестано бил во контакт со фудбалерот и го убедувал да премине во Лидс како засилување за нападот во својот тим.

25-годишниот Алиоски по потреба игра и на бековската позиција и одигра сезона за паметење, каде што на 34 натпревари, постигна 16 погодоци за Лугано. Со неговото двојно државјанство (Македонија и Швајцарија), на пазарот котира со цифра од околу два милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top