Веројатно секој сонува да добие премија на лотарија, но, малкумина се тие на кои им се остварил овој сон и тоа два пати во рок од една недела. Тоа имено и се случи на 19-годишната Роза Домингез од американската сојузна држава Калифорнија.
Таа возејќи дома од Аризона на една бензинска пумпа купила неколку грепки од пет долари. На едната од нив добила премија од 555.555 долари.
– Јас бев многу нервозна, само сакав да плачам, изјави Роза.
Седум дена подоцна повторно на бензинска пумпа купила уште една грепка од државната лотарија на Калифорнија, која овој пат и донела уште 100.000 долари. Младата среќничка изјавила дека дел од добивката од вкупните 655.555 долари планира да ги потроши на нов автомобил и шопинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.