| четврток, 6 декември 2018 |

Тој и подарил книга, таа нему своето срце-како се запознале Лима и Хару?

Медумите на големо се распишуваа за Адријана Лима и нејзината нова љубов, турскиот писател Метун Хару, посебно поради тоа што сите беа убедени дека таа ќе се смири со Марко Јариќ во Црна Гора. Сепак таа го остави семејството и потрча во прегратките на Хару.

Инаку таа го запознала Хару на 11 јуни кога тој и го подарил својот роман, а таа го постирала насловот на неговата книга „Инвазија на љубовта-патоказ“, книга која пишува за духовноста и самоспознавањето, препорачувајќи ја на сите на Инстаграм на 12 јуни.

Инаку познато е дека Лима е во длабока врска со спиритуалноста и дека често постира изреки, искуства и совети во врска со тоа. Не помина ни еден месец, а љубовта пламна, па Лима од Црна Гора одлета директно кај новото момче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top