| четврток, 6 декември 2018 |

Анчелоти: Баерн со Родригез ќе биде многу посилен тим

Германскиот првак Баерн Минхен и официјално го претстави своето ново засилување, колумбискиот интернационалец Џејмс Родригез, кој дојде како позајмен играч од Реал Мадрид. Тој ќе остане две сезони на позајмица на „Алијанц арена“, со можност Баерн Минхен потоа да го откупи неговиот договор за 38 милиони евра.

Тренерот Карло Анчелоти е главниот „виновник“ за преселбата на Џејмс Родригез во Германија.

– Џејмс е играч од врвна класа, сите многу добро ги знаеме неговите квалитети. Јас работев со него во минатото и знам дека Баерн Минхен ќе биде многу посилен со него. Се радувам што повторно ќе соработуваме – изјави италијанскиот стратег.

Колумбиецот добива шанса да ги покаже своите квалитети во нов голем европски клуб.

– Ова за мене е еден нов почеток, се надевам убав и успешен, со многу трофеи и мои добри игри. Не размислував премногу кога се јави Карло Анчелоти и побара да дојдам во Баерн Минхен – истакна колумбискиот интернационалец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top