| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши сагата, Донарума потпиша нов договор со Милан

Конечно заврши сагата поврзана со иднината на италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, а според епилогот, тој реши да остане во редовите на Милан.

Клубот соопшти дека Донарума потпишал нов четиригодишен договор со „росонерите“ вреден 6 милиони евра по сезона, а во него се вметнати и неколку важни клаузули кои мора да бидат земени предвид.

Првата е поврзана со откупната клаузула, таа изнесува меѓу 70 и 100 милиони евра, или 50 милиони доколку Милан не обезбеди пласман во Лигата на шампионите за сезоната 2018/19.

Истовремено, талентираниот голман во договорот го вметна и ангажирањето на својот постар Антонио Донарума, кој исто така е голман. Антонио има 27 години и бил член на младинската академија на Милан, но не добил шанса во сениорскиот тим, па по неколку позајмувања и бил продаден на Џенова во 2012 година. Минатата сезона тој беше член на грчкиот Астерас Триполис, а во Милан ќе заработува 1 милион евра годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top