| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во Општина Центар – демонстрантите ги искршија стаклата на Општината (фото)

Ескалираше тензичната атмосфера во Општина Центар. Демонстрантите, кои цело претпладне протестираа против намерата на советниците на Општината на денешната седница да се разгледува измена на ДУП-от, околу 14.20 часот почнаа да ги кршат прозорците на општинската барака. Во налетот на револтираните граѓани се искршени речиси сите стакла од салата во која се одржуваат седниците на општинскиот совет.

Седницата, која почна околу 14 часот, траеше само неколку минути поради тоа што претседателот на Советот даде пауза до десет минути. Сепак, во овие моменти е неизвесно дали воопшто ќе продолжи седницата поради новонастанатата ситуација.

Претседателот на Советот најави дека седницата ќе продолжи кога ќе се создадат услови за тоа.

Претходно беше искршено и стаклото на влезната врата во обид на граѓаните да влезат во општиската барака. Обезбедувањето на Општината не дозволи такво нешто и ја блокираа вратата со маси и столови.

protest-protiv-zernovski-8 protest-protiv-zernovski-7 protest-protiv-zernovski-5 juris-na-opstina-4 juris-na-opstina-3

juris-na-opstina-2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top