Македонија има стабилен банкарски сектор, добро се соочи со кризата и преку соодветна поддршка ѝ помогна на економијата да ја помине на побезболен начин, за разлика во други европски економии, стои во заедничката оценка по 36. состанок на Европската банкарска федерација одржана во Скопје.
– Македонија многу добро се соочи со кризата, таа не ја засегна толку колку другите европски држави – истакна Гвидо Равоет, извршниот директор на ЕБФ.
– Очекуваме државата во 2014 година да се развива со уште поголемо темпо, а притоа банките ќе имаат активна улога – додаде Равоет, кој, исто така, рече дека Македонија ќе ги надмине проблемите при влезот во ЕУ и дека наскоро ќе стане полноправна членка на федерацијата во која сега е асоцијативна членка.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски посочи дека резултатите во македонскиот банкарски сектор се доказ дека европските директиви не се само „на хартија“, туку начин на работа и поставени стандарди во банкарскиот сектор, со што на уште еден начин се заслужува местото во ЕУ.
– Македонија ја практикува најдобрата меѓународна регулаторна практика, базелските стандарди, како и сето тоа што претставува регулатива во ЕУ, преку приспособување на директивите на ЕУ – додаде Ставревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Се нудат на продажба: Банките им ги лапнаа хациендите и фирмите на познати македонски политичари и бизнисмени
-
Македонките земаат кредити за да стават силиконски гради и задник