Канадските производители на автомобилски компоненти се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија. Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, и економските промотори од Монтреал и од Детроид беа дел од македонската презентација на годишната конференција на асоцијацијата на канадските производители.
Како што известуваат од дирекцијата на ТИРЗ, покрај презентацијата, направени се и контакти со претставници на најголемите компании од Канада, Германија и од САД.
И покрај намаленото производство и продажба на возила во Европа, компаниите изразија конкретен интерес и подетални информации најавувајќи посета на Македонија, велат од дирекцијата.
За време на конференцијата, закажани се дополнителни средби со компании во Детроид, со кои веќе има преговори за конкретни проекти и почнување производство во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марина Узунов од Кабинетот на Кочо Анѓушев именувана во УО на ТИРЗ
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места