| четврток, 6 декември 2018 |

Небојша Човиќ е избран за претседател на АБА лигата

Првиот човек на белградска Црвена звезда, Небојша Човиќ е избран за претседател на АБА лигата за сезоната 2017/18. Прв потпретседател ќе биде Игор Додик, генерален менаџер на Игокеа, за втор потпретседател е Домагој Чавловиќ, генерален менаџер на Цибона.

На Собранието е изгласана и одлука за формирање на втора АБА лига од претстојната сезона, а предвидена е и организација на турнири за кошаркари до 19 години од сезоната 2017/18.

Македонија во следната сезона во Јадранската лига ќе биде претставувана од МЗТ Скопје, за разлика од минатата кога премиерно играше и Карпош Соколи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top