Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случија 10 сообраќајни незгоди од кои во една потешко е повреден возач на мопед. Во пет од несреќите со полесни повреди се здобиле девет лица, а четири поминале само со материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 43 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сигналните уреди, односно поминале на црвено светло на семафорот, седум возачи што за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Санкционирани се и 13 возачи што ги управувале своите возила без возачка дозвола, односно нерегистрирани, четворица возачи на велосипеди што сториле прекршоци по разни основи и 32 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило пајак отстранети се 58 возила.
Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „Мајски Цвет“ – матичен објект кој се наоѓа на подрачјето на општина Карпош, притоа ќе бидат реализирани едукативни работилници со децата од средна и голема група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едно лице потешко, три полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени
-
Четири лица тешко повредени во 14 сообраќајки вчера во Скопје
-
Минатата година 155 животи згаснале на сообраќајниците низ Македонија, најмногу сообраќајки за време на викендот