| четврток, 6 декември 2018 |

Владиниот новинар Бојаровски: Дедото на Никола Димитров бил бугарски пропагандист во Македонија, татко му Димитар е голем албанофоб

Неодамна вработениот во „министерството за пропаганда“ во Владата на Република Македонија, Зоран Бојаровски, кој досега ја играше улогата на „независен новинар и експерт за медиуми“, за Димитар Димитров, таткото на министерот за надворешни работи Никола, своевремено пишувал дека е закоравен бугарофил, албанофоб и искомплексиран превртлив човек.

Бојаровски пишувајќи осврт на ликот и делото на Димитар Димитров, поранешен министер за култура, во магазинот „Форум“ ќе каже дека Димитров бил неуспешен философ, партиски остварен комунист кој покажува спремност за идеолошка превртливост, како и дека е човек со голем број фрустрации и комплекси поврзани со неговиот професионален неуспех.

„Иако партиски остварен во времето на комунизмот, со еминентни дела од областа на марксизмот и марксологијата, Димитров, сепак, не успева да го привлече вниманието со своите достигнувања во филозофијата. Тоа сосема јасно ќе биде оценето од професорите на Катедрата по филозофија кои никогаш нема да му дозволат висок статус на Факултетот, што кај Димитров ќе создаде професионални фрустрации и, веројатно, разни други комплекси“, пишува Бојаровски.

„Димитров беше АЛБАНОФОБ, поднесе оставка поради двојазичноста“ 

Но, Бојаровски не застанува тука и додава дека како член на првата експертска влада, Димитров си поднел оставка од местото Министер за образование САМО ЗАРАДИ воведувањето на двојазичноста во педагошката евиденција на учениците. Бојаровски понатаму објаснува:

„Тоа беше само манифестантен облик на негововата албанофобија. Тој повеќе пати јавно и остро ќе се произнесе против високото образование на „Македонците со албанско етничко потекло“. Во своите публикувани текстови тој често пати пишува(ше) дека Арбен Џафери и Бранко Црвенковски „макивејалистички соработуваат“ и се одговорни, во врска со гостиварските настани, „за новите ужаси на народот“.

„Дедото на Никола Димитров учествувал во бугарската пропаганда во Македонија“

Сепак, клучниот фокус во текстот наречен „Портрет – Д-р Димитар Димитров, Министер за култура“ објавен во магазинот „Форум“, нововработениот владин пропагандист Зоран Бојаровски го става на бугарофилската жичка кај Димитрови, па притоа не го поштедува ниту дедото на новиот министер за надворешни работи:

„Во кажувањата за Димитров се оди до таму за да се сугерира дека и таткото на министерот Димитров активно учествувал во бугарската пропаганда меѓу македонското население.“, стои во текстот на Бојаровски.

Според Бојаровски, првото отворено и јавно пројавување на сопственото бугарофилство Димитров ќе го направи во 1997 година во неделникот „Дело“, осврнувајќи се на еден текст на познатиот белградски историчар и византолог Иван Ѓуриќ, автор на книгата „Самракот на Византија“, под наслов „Историски поглед на иднината на кризата во Југославија“ објавен во 1990 година.

Тука Бојаровски додава:

„Во освртот на овој текст, а во врска со асимилаторските пропаганди во Македонија, Димитров пишува: „Зошто Србите и Грците имале потреба од насилство (во спроведување на асимилацијата – н.з.), а Бугарите немале таква потреба? Ако бугаризацијата ја правела релна културната сродност меѓу Бугарите и македонското население/македонските Словени тогаш каква смисла може да има синтагмата ‘опасност од бугаризација’, а исто така и самиот поим ‘бугаризација’? Тоа е рамно на позлатување на златото.” (стр. 50)

Димитров оди и понатаму:

„Општо прифатено е, има сила на конвенција, плодот на таа акултурација, да го носи името Бугари. Од таа конвенција отстапуваат само научници политичари товарени со грчка/српска нечиста совест.“ (50 стр.)“

Вчера јавноста беше потсетена и на напис на Сашо Ордановски во кој за Димитар Димитров вели дека е бугарофил кој го меле ‘рбетот на македонската држава.


Бојаровски е вработен во бранот на „благодарни“ вработувања кон сите „соросоидни“ профитери, квази-невладини експерти кои ја туркаа валканата кампања на СДСМ во јавниот дискурс, глумејќи независно граѓанство.

Тој работи во Министерството за Комуникации, отчетност и транспарентност кај Роберт Поповски. Неколку прашања остануваат да висат во воздух после овие „подзаборавени“ теми кои ги истражувал Бојаровски, а на кои ве потсетуваме:

-Дали Зоран Бојаровски го прашал Никола Димитров транспарентно и отчетно дали неговите татко и дедо биле бугарофили и бугарски пропагандисти?

-Дали поради семејната историја која ја опишува Бојаровски, токму Димитров е човекот кој покрај Заев е избран да бидел дел од мистериозниот договор за заедничка историја со Бугарија кој ние го криеме, а за кој Бугарите велат дека конечно ќе бил ставен крај на лажната историја во Македонија?

-Како овој истражувач и противник на бугарофилството, од позиција на тазе-вработен пропагандист во владата, го брани синот на човекот за кој пишува дека е бугарофил со генерации, од објективните напади дека крие договор со Бугарија кој може да биде и многу штетен за Македонија? Каде е транспарентноста на Димитров?

-Побарал ли Бојаровски информација од Димитров за албанофобијата на неговиот татко?

Ова се само дел од прашањата кои ја интересираат јавноста, а има уште многу други. Одговорот сигурно нема да го добиеме отчетно и транспарентно. Превртливоста за која пишува Бојаровски очигледно не му е многу непозната тема, па така новинарот кој пишуваше за бугарофилите Димитрови сега ќе молчи пред нив, како што квази-експертот кој се правеше независен граѓанин и коректив на власта, сга ќе молчи од позиција на профитер кој се здобил со владина функција.

Сепак, она што останува забележано е дека екс-новинарот Бојаровски ја истакнувал бугарофилијата и албанофобијата кај Димитрови, за години подоцна од позиција на владин пропагандист да ги брани од истата. Макар и со молчење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top