Повеќе од три илјади граѓани се собрани во кругот и пред Општина Центар протестирајќи поради намерата на општинскиот совет да расправа за промена на Деталниот урбанистички план на општината со која треба да се стопира изградба на црквата „Свети Констатин и Елена“, што се гради на градскиот плоштад.
Насобраните граѓани во тензична атмосфера бараат од градоначалникот Андреј Жерновски да ја повлече точката од дневен ред и да дозволи црквата да се догради.
– Дојдовме како што најавивме, единствено да се симне точката од дневен ред. Не сакаме да правиме проблеми, освен таа точка да се симне од дневен ред со која се предвидува стопирање на изградбата на црквата – вели граѓанин за „Република“.
Седницата на Советот на општина Центар сѐ уште не е почната иако беше закажана за 13 часот. Во просториите на општината сѐ уште не е пристигнат ниту градоначалникот Жерновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…


