| четврток, 6 декември 2018 |

На Хвар казни од 600 – 700 евра за шетање во костим за капење и за пијанчење

 Градоначалникот на Хвар, Рикардо Новак почна да ги исполнува своите ветувања дека ќе ги упристои разузданите туристи и ќе стави крај на голотијата во својот град, јави „Ер-Те-Ел“. На влезот во Хвар овој викенд осамна табла со предупредување до туристите и казните што ги очекуваат во случај на непримерно однесување.

– Кој на градски улици ќе шета во костим за капење ќе плати казна до 600 евра, жени во горен дел од костим за капење и мажи со голо торзо до 500 евра, а оној кој се тетерави на улица со шише во рака и пијан лежи на улица до 700 евра казна.

Градоначалникот неодамна ги прозва британските туристи поради пијанство и голотија.

– Повраќаат по градот, уринираат насекаде, шетаат без маици, спијат на градски површини, ползат наоколу и не знаат за себе – рече Новак.

Тој додаде дека Хвар не сака да биде само парти-дестинација.

– Младите турсти се добредојдени, но ќе мора да научат како да се однесуваат овде. Заработката по секоја цена не е туризам каков што го сакаме овдека – заклучи Новак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top