| четврток, 6 декември 2018 |

Имаше симпатија меѓу Меланија и Владимир-тврди секретарот на Путин!

Прес секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков изјави дека „мисли дека имало одредена симпатија“ за време на разговорот на Путин со првата дама на САД, Меланија Трамп додека седеле еден крај друг на банкетот приреден за лидерите на Групата 20 на најразвиените земји и нивните сопружници во Хамбург-пренесува ТАСС.

Песков во интервју за телевизнскиот канал „Росија1“ рекол дека Путин бил во можност да разговара лично не само со американскиот претседател Трамп, туку и со неговата сопруга Меланија.

-Претседателот беше задоволен. Тој со Меланија дури разговарал и за агендата на Г20. Мислам дека имаше одредена симпатија -рекол Песков.

Тој додал дека темите за дискусија за време на работните сесии вклучувале проблеми како родовата нееднаквост како и улогата на жената во стопанството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top