Повеќе земјотреси чии епицентри потекнуваат од охридското епицентрално подрачје се регистрирани изминатата ноќ. Дел од нив се почувствувани во Охрид и околината.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека два земјотресa со магнитуда од 3,3 степени според Рихтер се регистрирани во 04:37 и во 04:39 часот.
Претходно, во 04:16 часот имало земјотрес со јачина од 2,7 степени и во 02:12 часот со рихтерова магнитуда од 2,8 степени.
Од 18 јуни досега во Охридскиот регион се регистрирани над 1.200 земјотреси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.