| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нашиве ербапи, прерачунале прво да ги исполажат уште еднаш граѓаните на локалните избори за се и сешто, па потоа да ги прифатат сите услови кои ги бара Грција и Бугарија

СДСМ ветуваа отворени дебати за се. Отидоа во Бугарија, нешто договорија тајно во еден ден, и не кажуваат никому во нашата земја, а во Бугарија гледаме дека слават. Дај нека кажат што е договорено, па ако е за славење и ние да удриме да славиме. Но фактот што кријат укажува на нешто друго. Отидоа во Грција со план и ветување дека ќе ги шармирале и со обвинување дека заради ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не се решавал проблемот со името и ние не сме сакале земјата да ја внесеме во НАТО и ЕУ. Се вратија попарени, и ни објаснија дека не било до некаков инает на ВМРО туку Грција бара работи кои им е незгодно барем да ги соопштат на граѓаните, особено сега пред локлнитеизбори, па објавија дека името ќе го решеле догодина односно по локалните избори. По грчки кажано, ЕУ и НАТО – аврио.
Нашиве ербапи, прерачунале прво да ги исполажат уште еднаш граѓаните на локалните избори за се и сешто, па потоа да ги прифатат сите услови кои ги бара Грција и Бугарија. Демек народот не разбира, сега да ги гласа, а потоа бричење и потстрижување, со име, идентитет, јазик, историја, и се останато што е во пакетот.
На албанците им ветуваа брда и долини за да ги земат во коалиција. Закон за јазици со ова, со она во него. Наместо тоа, ќе пратат писмо до Венецијанска комисија, која пак ќе одговори по локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top