Бугарскиот пејач и шоумен Азис денес на прес-конференција соопшти дека мотивиран од најавите на Боки 13 за посвојување на деца, решил и тој да стане фамилијарен по ист принцип како и македонскиот шоумен и голем хуманитарец.
„Едноставно бев воодушевен од идејата на Боки 13 да посвои 3 деца, 2 од различна вера и едно со посебни потреби. Тоа е толку племенит потег со кој уште повеќе ќе може Боки да си го зацементира статусот како хуманист. Никој после ова нема да може да му каже – Еј, Боки, ти си оној кој се облекуваше како жена, и да го зафркаваат поради тоа“, вели Азис.
Според Азис, токму Боки 13 со големата желба да стане жена го развил и мајчинскиот инстинкт, а бидејќи сепак е маж, ќе може истовремено на посвоените деца да им биде и мајка и татко.
„Тој ќе се грижи добро за нив кога ќе има време да ги гледа. Ќе ги облекува како што тој се облекуваше, ќе ги воспитува во духот на нивните верски определби. На детето кое е христијанин Боки ќе му кажува како бракот е заедница меѓу маж и жена, а на детето кое е муслиман ќе му го чита Куранот и проколнувањето на хомосексуалците“, додава пејачот.
Токму тука, вели, ја нашол и својата мотивација и улога како мајка и татко.
„Боки 13 е еден вид на месија, прв ко се сетил дека сите ние кои сме се чувствувале како жени, а сме се родиле со машки полови карактеристики, всушност може да бидеме одличен мајкататко на посвоени деца, да ги учиме на нашите вредности, нашиот стил и нашите мечти и желби“, соопштува познатиот Азис.
„Јас и Боки сме веќе европјани и вака ќе ги доближиме двете држави една со друга, бидејќи јас и тој имаме заедничка историја, и тука јавноста и во Македонија и во Бугарија мислам дека ќе се сложи. Но за тоа друг пат можеби ќе ви раскажувам, да не ве оптоварувам сега со детали“, додава Азис.
Тој рече и дека единствено нема да ги посвојува децата на истиот тендер како Боки, кој побара деца по посебни спецификации. Азис има посебна желба од министерката за труд и социјала Мила Царовска:
„Јас би сакал трите деца кои ќе ги посвојам да се со бугарски пасош. Боки ми вети дека неговата пријателка министерката Царовска ќе ми ја исполни и мојата желба, како што ќе ја исполни и неговата, бидејќи Боки за ова разговарал и со премиерот, големиот лидер и визионер Зоран Заев“, го заврши своето обраќање Азис.
На прашањето од новинарите што ќе се случи доколку тој и Боки еден ден стапат во брак после легализацијата на истополовите бракови во Македонија, тој само се насмевна и рече: „Кога можеа Бред Пит и Анџелина Џоли да имаат шест деца, зошто да не можеме и ние?“
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Боки славеше роденден, Лила му дојде по танга (ФОТО)
-
Боки 13 влегува во бизнис со медиуми: Од Милано најави отворање на сопствен медиум
-
Експлозијата: Полиен со бензин и запален џипот на таткото на Боки 13
-
ЛГБТ активистот Боки 13: Сакам да посвојам 3 деца, ќе поднесам барање до мојата пријателка од СДСМ, министерката Царовска