| четврток, 6 декември 2018 |

Најзгодната баба од Србија: Жаклина има 47 години и две внучиња, а за родниот град ја врзува голема трагедија

Таа е баба на две внучиња, но судејќи според нејзиниот изглед и стил, малкумина тоа би го претпоставиле. Ова за модната блогерка Жаклина, со потекло од Србија, го пишува британски Метро. Таа е доста популарна на социјалните мрежи, а на Инстаграм ја следат повеќе од 300 илјади луѓе.

Жаклина за себе вели дека покрај модата и шопингот, најмногу сака да минува време со својата 28 годишна ќерка и нејзините две внучиња. Модните стилови вели дека ги примила од земјите каде живеела, а освен Србија каде израснала, таа подолги периоди има престојувано во Полска, Швајцарија, Франција за сега да се скраси во Италија.

За Белград вели дека ја врзува голема трагедија, бидејќи нејзиниот син таму загинал во сообраќајка и тоа на Божиќ.

Деновивие таа стана интересна за повеќе британски медиуми, кои ја опишуваат како „бабата авион“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top