| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО е политичка а не правна алатка

Постапката за уривањето на „Космос“ бил законска, а обвинението на СЈО за овој случај е исполнување на желбите на премиерот Зоран Заев, тврди Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него работата на СЈО нема никаква врска со правото и рече дека обвиненијата се покранети апсолутно без било какви докази или аргументи.

-Целта на СЈО е елиминација или ослабување на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата. Гревот поради кој се води оваа хајка против ВМРО-ДПМНЕ е тоа што не отстапуваме од одбрана на државните и национални интереси. Работата на СЈО нема никаква врска со правото. Обвиненијата се покренати апсолутно без било какви докази и аргументи. Направени се низа правни преседани кој ќе се изучуваат во историјата на правото како не треба да се постапува – смета Костовски.

Тој нагласи дека во случајот е ТНТ е срушена дивоградба на Фијат Цаноски.

-Во овој момент некој да излезе и да ја измери основната плоча ќе види дека не е градено по план. СЈО решава да ги исполни желбите на Заев и политички, без докази покренува обвинение за случај за кој многу лесно може и сега да се провери дека е дивоградба. Фијат Цаноски коалициониот партнер на Заев добил дозвола за да гради два ката подземно, а поради желбата да скрати од трошоци, градел само еден. Откако се соочил со законот поднел и барање за измена на дозволата за градба со што практично признава дека направил дивоградба. Целата постапка на рушење е законска. Ако не се рушеше требаше да не се почитува законот – коментира Костовски.

Според него биле направени дури 3 вештачења и сите 3 потврдија дека објектот е дивоградба и треба да се руши и дека е постапувано законски.

-Со цел да се направи политички спектакл СЈО покрена обвинение за сосема законски случај како што е рушење на дивоградба. Целта на СЈО и Заев не е правдата туку нејзино гушење. СЈО е политичка а не правна алатка. Со ова се докажува дека без аргументи, докази и факти, со политичка манипулација се води хајка против ВМРО-ДПМНЕ. СЈО не смее да се става над законот. Согласно член 22 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, овој орган за селективен прогон не смее да води истражни постапки по истекот на 18-те месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежност. Секој нов прогон и тормозење кој СЈО ќе го врши врз граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде противзаконски и ќе биде основ за одговорност на вработените на СЈО – констатира Костовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top