| четврток, 6 декември 2018 |

Силувач жив закопан со жртвата

bolivianГневна толпа жив го закопала силувачот на една жена во нејзиниот гробот. На 17-годишниот силувач и убиец на 35-годишната жена, граѓаните од едно гратче на југот од Боливија сами му пресудиле.

Инцидентот се случил за време на погребот на жртвата, кога еден од ожалостените го забележал напаѓачот. Додека траела „одмаздата“ нс силувачот, околу 200 жители во гратчето ги блокирале приодите за случајно да не дојде полицијата. За случајот прв проговорил еден радионовинар, кој сега го крие идентитетот стравувајќи од одмазда од жителите.

Иако не е често, граѓанскиот линч не е непозната форма во сиромашните делови на Боливија, каде што речиси нема полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top