| четврток, 6 декември 2018 |

Сосема нов тим на Милан за следната сезона, пристигнува и осмото засилување

Милан не застанува со реновирањето на составот за следната сезона, па на прагот е и осмото засилување. Капитенот на Лацио, Лукас Билја, треба да пристигне на „Сан Сиро“ и да го засили Милан во обидот да се врати на голема врата во трката за титулата во Серија А. Тренерот Винченцо Монтела досега ги доби Матео Мусакио, Франк Кеси, Рикардо Родригез, Андре Силва, Фабио Борини, Хакан Чалханоглу и Андреа Конти како освежувања за тимот, а на прагот е и пристигнувањето на Билја.

Раководството на Милан веќе подолг период е во контакт со Аргентинецот и конечно ги договори условите за неговото доаѓање на „Сан Сиро“. Лацио ќе добие 15 милиони евра како отштета, а беше приморан на продажба на својот капитен, со оглед дека му остануваше само една година од договорот со римскиот клуб.

Билја воопшто не се појавил на официјалните лекарски прегледи во Лацио пред почетокот на сезоната и со тоа ги подгрева надежите на навивачите на „росонерите“ дека од следната недела ќе му се приклучи на Милан на подготовките за следната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top