| четврток, 6 декември 2018 |

Прва релативно мирна ноќ во Охрид

Прва релативно мирна ноќ во Охрид. Синоќа само три земјотреси со јачина 3,9, 2,5 и 3,7 го потресоа охридското епицентрално подрачје. И тоа сите три пред полноќ, после полноќ за прв пат после долги денови граѓаните и туристите спиеја мирно.

Првиот земјотрес синоќа ги вознемири охриѓани во 21 часот и 31 минута. Епицентарот на земјотресот е на 11 километри северо-источно од Охрид и на 6 километри источно од Косел, на длабочина од 5 километри.
Во 21 часот и 58 минути имаше втор земјотрес, на 7 километри источно од Охрид и на 8 километри југо-источно од Косел, на длабочина од 5 километри.
Во 22 часот и 52 минути имаше и трет земјотрес, на 14 километри северо-источно од Охрид и на 8 километри источно од Косел, со длабочина од 2 километри.
Од 18 јуни до денеска во Охридскиот регион се регистрирани над 1.200 земјотреси.

Најсилниот регистриран земјотрес досега беше од 5 степени по Рихер кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а беа пријавени и помали материјални штети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top