| четврток, 6 декември 2018 |

Хиперактивните деца се посклони кон пороци

Децата, кои патат од хиперактивност имаат поголеми шанси да почнат да пушат во тинејџерскиот период, отколку нивните врсници.

До овој заклучок дошол тимот на истражувачи од Детската болница во Синсинати. Податоците собрани од 2.500 испитаници на возраст од 12 до 15 години покажуваат и дека пореметеното внимание е еден од факторите на ризици за конзумација на алкохол во тој период.

Истражувачите навеле дека хиперактивните деца имаат три пати поголеми шанси за пушење и пиење алкохол отколку останатите деца.

Дефицитот на внимание претежно се смета за пореметување, но експерите велат дека тоа и не е баш така. Овие деца најчесто се мошне интелигенти и полни со фантазија, но нивното невклопување во вообичаените правила и шаблони на некој начин ги прават неподобни за општеството.

Пореметувањата вообичаено се јавуваат пред седмата година, но тешко се дијагностицираат, бидејќи симптомите се слични на однесувањето вообичаено за таа возрас

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top