Владата на Заев нема никаков концепт, со популизам и назначување на партиски кадри на незаконски начин, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при интервју за ТВ НОВА.
-Новата Влада стави партиски кадри, почнаа со кршење на законите, назначувањата ги прават на незаконски начин. Се занимаваат со укинување на старите реформи заради популизам пред граѓаните, а досега немаат направено свои. Нема ништо сериозно со кое можат да се пофалат- истакна Груевски.
Во однос на интеграциите Груевски посочува дека новата Влада го промени пристапот и кон ова прашање.
-Говорат за ЕУ и НАТО, но најново е дека нема да ги започнеме преговорите како што ветуваа, туку ќе ја одмрзнеле замрзнатата препорака што се замрзна поради кризата што тие ја наметнаа. Направија 3 годишна политичка криза, а сега велат ветувањето повеќе не важи, нема да влеземе во ЕУ и НАТО туку ќе го одмрзнеме замрзнатото- рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер