| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ го подобруваше животот на сите граѓани, Албанците одлучија на свој грб да го искусат Заев

ВМРО-ДПМНЕ градеше и привлекуваше инвестиции кои го подобруваат животот на сите граѓани на Македонија. Oдредени фактори се обидуваа да изградат слика дека ВМРО-ДПМНЕ има нешто против Албанците, но ние работевме за доброто на сите граѓани. Албанците одлучија на свој грб да го искусат Зоран Заев, но времето ќе покаже дали донеле добра одлука, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ има план да се врати на власт и тоа и ќе го оствари.
-ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за соочување на избори. Во парламентот се бориме со идеи. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори, подготвени сме за изборно соочување во било кој момент, изјави Груевски.
Новата Влада се занимава со укинување на старите реформи заради популизам пред граѓаните, а досега немаат направено свои. Нема ништо сериозно со кое можат да се пофалат, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top