фото: „Нова ТВ“
Нова верзија на статуата на Прометеј вчера се исправи во дворот на резиденцијата на Амбасадата на Кралството Шведска, известува „Нова ТВ“. Амбасадорот Ларс Вахлунд живата статуа на Прометеј ја презентираше пред гостите на приемот организиран по повод националниот ден на Кралството Шведска. Амбасадорот Вахлунд, кој наскоро заминува од Скопје на нов амбасадорски мандат во Анкара, рече дека со тешко срце ја напушта Македонија и сака да остави нешто зад себе пред да замине.
Прометеј во резиденцијата на амбасадорот на Шведска не беше гол, на себе имаше пелени, а во раката место факел држеше шише „скопско“ од еден и пол литар, известува „Нова ТВ“.
Скулптурата, всушност, беше жив човек со маска со ликот на амбасадорот Вахлунд на лицето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


