Турскиот театар во сабота (31 октомври) во 20 часот на сцената на Театар Комедија ќе ја изведе претставата „Прометеј“ по текст од Есхил во режија на Дејан Пројковски.
Сценографијата е на Владо Ѓорески – Рафик, костимографијата на Благоја Мицевски, а музиката на Горан Трајковски.
Во претставата играат актерите Селпин Керим, Џенап Самет, Сузан Акбелге, Неат Али, Осман Али и Аксел Мехмет. Во хорот настапуваат студенти по актерска игра во класата на Дејан Пројковски на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.