Инспектори од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје Тетово вчера во 11:40 часот на ул. „Преспанска“ во Тетово го лишиле од слобода М.Е.(47) од Тетово, по кој има распишана централна и меѓународна потерница за издржување казна затвор во траење од една година.
По извршеното лишување од слобода над М.Е. е извршен површен преглед и во задниот џеб била пронајдена една проѕирна најлонска кеса во која во внатрешноста имало 28 најлонски пакувања со непозната бела прашкаста материја.
Постои сомнение дека се работи за опојна дрога (кокаин). М.Е. е приведен во просторите на СВР Тетово за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.