Европскиот првак Реал Мадрид го претстави своето прво засилување ова лето. Дефанзивецот Хесус Валјехо, кој минатата сезона играше како позајмен играч во Ајнтрахт Франкфурт, сега пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ и треба да ја пополни празнината по заминувањето на Португалецот Пепе во Бешикташ. 20-годишниот одбранбен фудбалер вели дека за него е ова исполнување на сонот.
– Дојдов во најдобриот клуб на светот. Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот, благодарам за довербата и се надевам дека ќе ја оправдам во потполност. Можам да кажам дека е мојот сон е сега исполнет, но верувам дека така ќе зборувам и во иднина, со секој освоен трофеј во Реал Мадрид. Ќе имам можност да учам од најдобрите, да собирам искуство и да дадам мој придонес во новите трофеи – изјави Хесус Валјехо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)