| четврток, 6 декември 2018 |

Чувајте се од недела, полна месечина е и демне опасност-предупредуваат астролозите

Во недела, девети јули не очекува полна месечина и таа природна моќ влијае на многу луѓе. Имено, во деновите на полната месечина,  апсолутните космички елементи на Земјата, како што се апсолутната земја, апсолутната вода и апсолутниот воздух се привлечени кон Месечината, наведува астрологот Зоран Петровиќ Шумадинец.

Фазата на полната Месечина овојпат паѓа под Рак, каде исто така владее Месечината. Кога се поклопуваат полната месечина и хороскопската планета Месечина, јасно ни говори  дека периодот од полната месечина во јули до полната месечина во август нема да биде мирен период.

Природниот елемент Вода, која е клучна за оваа месечева мена, ни навестува дека ќе умираат помладите лица, а може да се очекуваат и повеќе сообраќајни несреќи. Водата сама по себе симболизира солзи и страдање, со фокус меѓу двата месеца, носи смрт на младата популација и болка. Исто така во првите три недели може да се очекува константна напнатност, зголемен крвен притисок  како и болка во пределот на градниот кош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top