| четврток, 6 декември 2018 |

Во бикини на -20 степени

На сибирскиот избор за мис, одржан во Новосибирск, во саботата, 20 убавици се бореа за титулата мис на снег, а за тоа требаше да покажат и голема издржливост. Не го изоставија омилениот дел запубликата – излегување во костими за капење. на -20 степени целзиусови тие прошетаа во бикини, а организаторката Татјана Фетисова вели:

-Свативме дека ако немаме море или океан, не можеме да ги фотографираме во костим за капење. А сепак сакавме тоа да го направиме. Затоа решивме тоа да го направиме сензационално.

Девојките не се пожалија што мораа да застанат голи на – 20 степени,

– Не сум сигурна дали ми се тресе вилицата од што ми е ладно или од што сум нервозна. Но беше кул. Можев да стојам и подолго – вели една од учесничките додека се грее во автобус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top