| четврток, 6 декември 2018 |

Петнаесетгодишник заработи кривична пријава за физички напад врз таткото

Против петнаесетгодишно момче е поднесена кривчна пријава за нанесување телесна повреда во нападот врз својот татко, информираше СВР Охрид.

Според охридската полиција, малолетникот роден 2002 година од кочанското село Оризари, делото за коешто е пријавен го извршил на почетокот од јуни во вечерните часови во стан во Охрид каде што привремено престојувал со неговиот татко.

На инцидентот му претходела вербална расправија, по која малолетникот физички го нападнал својот татко Г.И. удирајќи го со тврд предмет. Од ударите, оштетениот се здобил со видливи повреди во пределот на левото уво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top