| четврток, 6 декември 2018 |

Се грижи за нејзината безбедност-девојката на Лукас ја чува обезбедување

 

Познатиот пејач Аца Лукас последниот месец од ден во ден се повеќе ја шокира јавноста. Откако на улица истепа фоторепортер, со молскавична брзина се разведе, а само ден од „тешката разделба“ од Соња, ја најде, како што вели, љубовта на својот живот Бранислава. Иако се смее и вели дека во животот му цветаат рози, би се рекло дека сепак нешто не штима.

Имено Лукас во клубот Порт на настапот на Јелене Карлеуша дошол со новата избраничка, а пред и позади нив имало пет членови на обезбедување.

Прво се мислеле дека „малиот“ Вукасановиќ не можел да се протурка низ масата без туркање, па му било потребна помош, меѓутоа кога седнал во сепарето, тогаш пред него се поставиле горилите како некој случајно не би вперил поглед во неговата љубов. Кога новинарите му барале изјава, тој, се подразбира, одбил бидејќи немал што да каже. А и не морал, неговите дела се кажале.
Се претпоставува дека Вукасановиќ се исплашил од Жељко, поранешниот маж на Бранислава, па му е потребна помош да не би се валкал повторно на сред улица.
Шпанската серија Вуксановиќ, најверојатно наскоро ќе продолжи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top