Четириесет и двегодишен градежен инспектор од Тетово, бил фатен како ја злоупотребува службата и гради викендичка на државно земјиште во Попва Шапка.
СВР Тетово поднело кривична пријава против Д.М.(42) од село Лисец, инспектор во Одделот за урбанизам при Општина Tетово за сторени кривични дела бесправно градење, узурпација на недвижности и злоупотреба на службената положба и овластување.
Во јули 2012 година, тој користејќи ги службената положба и овластување, започнал со изградба на викендица на државно земјиште на локалитетот Попова Шапка, без да поседува соодветна документација.
Покрај инспекторот, дивоградби на Шапка градел и М.Џ.(49) од Тетово Во јули 2012 година, на локалитетот Попова Шапка, започнал со изградба на викендица на земјиште сопственост на РМ, без за истото да поседува соодветна документација.
Исто така и соселанец на инспекторот, од село Лисец, Х.Х.(41) го правел истото. И за овие двајца МВР поднело кривични пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


