| четврток, 6 декември 2018 |

Германски турист почина на Попова Шапка

Германски турист, кој со пријателите дошол на Попова Шапка на скијање, починал откако претходно му се слошило.

Околу 14.30 часот во ПО Попова Шапка, И.Т. од Кризниот Штаб-Тетово пријавил дека на Попова Шапка, поточно на местото викано Казаниште, има повредено лице најверојатно странец кој паднал во провалија за кое лице немало никакви податоци освен телефонски број за контакт, но на наведениот број никој не се јавувал.

Во 16.20 часот во угостителски објект пристигнале лицата Г.М. (34), K.O. (34) и Б.Б.Ц. (39), сите од Р.Германија, и со истите бил извршен разговор во врска со настанот. Притоа, било констатирано дека истиот ден околу 09.00 часот околу шест лица се качиле на местото викано Церипашина на Попова Шапка за да скијаат. Околу 13.10 часот  скијале на Казаниште и застанале да одморат, при што во безсознание паднал С.Ц.  (61) од Р.Германија. Веднаш по радио врска бил известен сопственикот на еден угостителски објект, кој го пријавил случајот во ЦУК Скопје.

Околу 15.00 часот на местото на настанот пристигнал хеликоптер на МВР, било подигнато повреденото лице и пренесено во болницата „Систина“- Скопје, каде била констатирана смрт .

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top