Пратеникот Илија Димовски на гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5 објасни дека Коалицијата за заедничка Македонија одлучи да формира 10 пратенички групи во Собранието бидејќи Зоран Заев не го исполнува она што го ветил, а тоа е инклузивноста и одлучувањето за важните прашања, тој како пример ги даде договорот со Бугарија кој новата влада го крие, како и разговорите на Димитров со Коѕијас, за кои исто ништо не се знае.
–Целта е позитивна, целта е да овозможиме дебата во Собрание. За СДСМ не беше проблем 15 месеци да не учествуваат во Собрание, но проблем е кога други пратеници сакаат повеќе да учествуваат во неговата работа. Сите клучни елементи за контрола на работа на Собранието ги имаат заедно со нивните коалициони партнери, ние ќе ги користиме максимално нашите дозволени средства за да влијаеме не процесите, изјави Димовски.
Димовски кажа дека динамиката за работа на овие 10 пратенички групи најмногу ќе влијае од она како новата владеачка партија СДСМ се однесува.
–Ако СДСМ продолжи да се однесува вака, да е убава обланда во искажувањата на говорите и намерите, а во суштина да нема ништо. Министерот за финансии на ВМРО-ДПМНЕ пред ребаланс на буџетот секогаш имаше интензивни средби со претседателот на комисијата за финансирање при Собранието, кој секогаш беше од СДСМ. Досега претседателот на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ нема никаква комуникација и информација од министерот за финансии, изјави Димовски.
Димовски во емисијата зборуваше и за настаните и немилиот четврток во Собранието и кажа дека во Собранието сите мислат дека тоа не треба да се повтори.
–СДСМ сфати дека не смее да ги поминува црвените линии од национален интерес, барем така ветуваат, сега сме на испит да го видиме договорот со Бугарија, ДУИ научи дека кршењето на националните правила носи проблеми, ВМРО-ДПМНЕ учествува во работата на Собранието, упатува една позитивна порака исто така. Битно е Собранието да функционира, изјави Димовски.
Тој кажа дека вчерашниот предлог за укинување на радиодифузната такса бил даден бидејќи СДСМ веќе две години ветува за тоа, а вчера го изгласа. Кажа дека би сакале да се избегне моментот на владеењето како што тоа го правеше СДСМ додека беше на власт, како што беше тоа во 2002 година.
–Ние ќе продолжиме да ги притискаме, нема да дозволиме ниту едно ветување кое тие го дале, ние нема да дозволиме нивните ветувања да бидат заборавени. Ако ветиле мора да исполнат, гласањето е некаков договор, СДСМ се договориле со граѓаните да гласаат за нејзе, а тие да исполнат 30.000 денари плата, радиодифузна такса, бесплатно образование итн., изјави Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вице-евро-рекордери во полнење кутии на гласање, кривична одговорност мора да има!
-
Димовски му порача на Груби: Седнете вие со Џафери и гласајте сами за ДИК!
-
Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК
-
Димовски: Жално е ова што се случува, од вечерва почнува крајот на погубните политики на Заев и неговата власт