| четврток, 6 декември 2018 |

Шести земјотрес денеска регистриран во Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван вечерва во 21 и 58 часот во Охрид.

Земјотресот бил на длабочина од 2 километри, на 6 километри северно од Ресен и на три километри северно од Јанковец.

Ова е шести земјотрес во Охрид во последните 24 часа.

Најсилниот се случил ноќеска, пет минути по полноќ со јачина од 4,1 степен според Рихтер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top