Група од исклучително насилни прилепчани на двапати претепале струмичанец, една на раскрсница во Прилеп, а потоа откако натепаниот бил пуштен од лекарите, повторно го нападнале во ходниците на прилепската болница.
Полицијата извести дека на вчера во 21,30 часот, во ПС Прилеп од медицинскиот центар во Прилеп било пријавено дека бил донесен А.С.(29) од Струмица со повреди нанесени поради претходен физички напад. По укажана лекарска помош во ходникот од Медицинскиот центар, А.С. и неговиот пријател П.Т.(51) од Прилеп биле пресретнати од околу 15 непознати лица, меѓу кои биле Б.Д., Б.Н., по што Б.Д. почнал да им се заканува. Притоа П.Т. сакајќи да го одбрани А.С., бил удрен од Б.Д. кој замавнал со нож и го повредил во пределот на лицето. Инаку, истиот ден околу 19,30 часот, во Прилеп на раскрсницата од улиците „Марксова“ и „Самоилова“, А.С. физички бил нападнат од две лица, кои подоцна учествувале во нападот во Медицинскиот центар.
Полицијата се уште го испитува случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


