| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Мбапе на преговори со ПСЖ?!

Килијан Мбапе се уште мудро молчи за својата иднина и со самото тоа им остава простор на светските медиуми секојдневно да изнесуваат нови шпекулации за тоа каде ќе заврши, но во последните неколку часа во прв план се најде ексклузивата на угледниот „Лекип“ која навистина не остава никого рамнодушен.

Реномираниот француски весник секогаш со будно око ги следи случувањата во најдобрите клубови во оваа земја, па сега ја информираше јавноста дека на повидок е една сензационална разрешница на темата „Мбапе“ откако неговиот татко седнал на маса со првите луѓе на ПСЖ.

Насер Ел Калафи, газдата на ПСЖ одржал средба со таткото на сензациоланиот тинејџер, а она што ја прави главната разлика во однос на другите заинтересирани клубови е тоа што „светците“ истакнале дека се подготвени да ги удоволат сите финансиски барања на Мбапе.

„Лекип“ тврди дека ПСЖ му понудиле годишна плата на Мбапе од фасцинантни 12 милиони евра, мега понуда со која клубот од француската престолнина очекува да ја направи главната разлика и да го „украде“ суперталентираниот репрезентативец на „триколорите“ и да победи Реал Мадрид во жестоката битка за неговиот драгоцен потпис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top