| четврток, 6 декември 2018 |

Две жртви во судир на два брода крај Атина

Две лица загинаа во судир меѓу рибарско бротче и танкер за вода што денеска се случи во близина на островот Егина кај Атина. Како што јави дописникот на МИА, двајца рибари биле пренесени во болницата на островот каде биле прогласени за мртви, но нивниот идентитет не е соопштен.

Причините за несреќата не се познати, ниту се знае колку лица имало на двата брода. Во тек е истрага за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top