Земјотрес со магнитуда од 2.8 степени според Рихтер е почувствуван вечерва во 22.07 часот во охридското епицентрално подрачје.
Според сеизмолозите се работи за афтершокови по големиот земјотрес што се случи вчера со јачина од 5 степени според Рихтер. Тие појаснуваат дека извесен период во охридското епицентрално подрачје ќе се чувствуваат потреси со помал интензитет. Тие се на мислење дека најсилниот земјотрес во серијата потреси што започна во средината на јуни веќе се случил и дека повеќе нема енергија во тектонските плочи за поголем потрес, иако како што велат земјотрес не може да се предвиди.
Од 18-ти јуни до денес во охридскиот регион регистрирани се над 1000 земјотреси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.