Манојловски испрати писмо до ДУИ и Али Ахмети со извинување.
-Се извинувам за вознемирувањето кое го предизвикав кај граѓаните и кај нашите гласачи. Мојот вчерашен говор во Комисијата за политички систем беше мој личен став поттикнат од дебатата одржана во САД, каде што сум го поминал поголемиот дел од мојот живот. Но, јас сум свесен дека овој став не е во согласност со политиките на мојата партија, гласачите и нашите граѓани. Затоа во иднина ќе продолжам за оваа тема да ги поддржувам ставовите на субјектот на кој припаѓам.
Инаку, највозрасниот пратеник во Собранието, Бранко Манојловски, од ДУИ вчера на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците побара да се легализираат истополовите бракови во Македонија.Како што рече тој, геј луѓето се прекрасни и тие треба да добијат еднакви права.
-Многу прекрасни луѓе. Треба да им се дадат сите права на хомосексуалците во оваа Република. Сите, дури и правото на брак. Ќе речете, зошто тоа? Еве зошто. Тие заедно работеле и направиле една куќа, и едниот умрел потоа. И сега, тој не може да ја наследи куќата затоа што бил хомосексуалец, изјави Манојловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.