Ваел Жалус ги отстрани сите дилеми околу својата иднина потпишувајќи нов долгогодишен договор со Барселона. Тунискиот репрезентативец беше поврзуван со бројни клубови, еден од нив беше и Вардар, но левиот бек сепак реши да остане дел од каталонскиот гигант, потпишувајќи договор со важност до 2021 година.
– Пресреќен сум што ќе останам уште четири години во Барселона, се чувствувам одлично овде и едвај чекам да продолжам да освојувам трофеи со каталонскиот гигант – изјави Жалус.
Тунижанецот пристигна во Барселона од редовите на Кил во 2014 година, по што прерасна во еден од водечките ракометари на каталонскиот гигант. По потпишувањето на новиот договор со Жалуз, челниците на Барса сега ќе се насочат кон ангажманот на Арон Палмарсон од редовите на Веспрем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.