За разводот во семејството Еклстон, зборува целиот свет, а сега се огласи и сопственикот на Формула еден, со нови податоци кои го потресоа светот.
Берни Еклстон открил дека Џејмс Стант, кој се разведува од неговата ќерка Петра, сакал да ја убие.
-Таа беше во полиција, бидејќи тој кон неа беше исклучително насилен, заканувајќи и се дека ќе и ја разнесе главата- раскажал челниот човек на Формула еден.
Инаку Мирор ја контактирал полицијата и дознале дека нејзиниот сопруг и порано бил насилен. Извори од полицијата тврдат дека Стант бил уапсен 2015 година поради кршење на јавниот ред, но случајот никогаш не бил процесуиран.
Петра пред два месеца се исселила од вилата бидејќи веќе не можела да ги издржи испадите на својот сопруг, кој бил склон на насилно однесување и дрогирање, па уследи развод тежок 6 милиони евра.
Инаку нејзината мајка Славица Еклстон, моминско Радиќ, од поранешна Југославија и татко и Берни се развеле во рок до 58 секунди. Славица тогаш пред судот изјавила декак маж и е работохолик и дека тоа и предизвикало стрес и анксиозност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.