Д-р Сашко Кедев повеќе не е директор на Клиниката за кардиологија. На негово место е именуван д-р Беким Поцеста, соопштија од Министерството за здравство.
Освен Кедев, сменети се и директорите на Универзитетските клинки за нефрологија, токсикологија и очни болести. Нов директор на Клиниката за нефрологија е д-р Ирена Бушлетиќ, која доаѓа на местото на д-р Александар Шиколе. Д-р Нико Беќаровски е нов директор на токсикологија, а д-р Беким Татеши е новименуван директор на Клиниката за очни болести.
Директорските смени почнаа со онкологија, кога беше сменет д-р Милан Ристески, а на негово место дојде Нино Васев. Нов директор има и наврохирургија, откако актуелниот Александар Чапаровски заврши во притвор заради поткуп.
Разрешени се економските директори во Универзитетски стоматолошки клинички центар, Универзитетската клиника за токсикологија и Универзитетската клиника за очни болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.